Погба им соопштил на соиграчите дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед


Пол Погба споделил пред своите соиграчи во Манчестер Јунајтед дека планира да го напушти клубот ова лето за да оди во Реал Мадрид. Информацијата е на „Екип“, каде се тврди дека „црвените ѓаволи“ се одлучиле да не застануваат на патот на Французинот, во случај да добијат поволна за клубот трансферна сума.

На „Олд Трафорд“ се одлучиле дека ќе биде подобро сега да се разделат со Погба, чиј договор истекува по две години.

Самиот играч веќе зборувал со тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, а преговорите со клубот за неговите лични услови се во напредна фаза.

Евентуален неуспех на Манчестер Јунајтед во битката за топ 4 и неучествувањето во Лигата на шампионите следната сезона, ќе го забрза уште повеќе трансферот на Погба.