Поевтинуваат горивата


Цената на бензините и дизелот поевтинуваат за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Mалопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 52,50 ден/лит.