Поевтинува мазутот


Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се намалува за 1,257 денари и еден килограм ќе чини 37,708 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.