Подољак: Путин никому не простува


Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володомир Зеленски, го прокоментира загинувањето на шефот на платеничката војска Вагнер Евгениј Пригожин со пораката – Путин никому не му простува. 

-Очигледно е дека Путин никому не простува за сопствениот ѕверски терор. Особено не на тој што го помножи со нула во јуни 2023. И  го чекаше моментот. Очигледно е и дека Пригожин потпишал специјална смртна потерница за себе во моментот кога поверувал во бизарните „гаранции“ на Лукашенко и во исто толку апсурдниот „чесен збор“ на Путин. Демонстративната елиминација на Пригожин и командата на Вагнер два месеци по обидот за пуч е сигнал од Путин до руските елити пред изборите во 2024 година. „Пазете се! Нелојалноста е еднаква на смрт“. Но, тоа е и сигнал за руската војска: Нема да има „херои на СВО“. Ако тоа не е украински трибунал,  ќе биде куршум на ФСБ (разузвувачката служба во Русија), напиша Подољак.

Пораката дојде откако руската државна телевизија потврди дека меѓу загинатите е и Пригожин, бидејќи се шпекулираше дека можеби тој е во вториот авион кој, според некои слетал, а според други кружи се уште над Москва…

Додека се чека соборците на Пригожин што се живи (загина и неговиот заменик во Вагнер) да излеезат со своја изјава за настанот, се јави и Гари Гаспаров, познат руски дисидент.

-Почивај во пеколот. Значи, воените лидери на Путин не можат да му веруваат, но многу западни политичари и експерти се сигурни дека можат да преговараат со Путин со добра волја за Украина. Идиоти, напиша Гаспаров.

Платениците на Пригожин веќе се заканија дека , доколку се потврди смртта на војската, ќе организираат втор „Марш на правдата“ до Москва.