Подобрување на превенцијата од Ковид-19 во средните училишта


Град Скопје во соработка со збратимениот град Нирнберг го реализира проектот „Безбедно училиште и покрај Корона“, финансиран од германското федерално Министерство за економска соработка и развој.
 
Како дел од проектот, претставникот од Нирнберг, Марсел Вајзенфелс деновиве беше во посета на сите средните училишта на Град Скопје и предаде дел од дезинфекционите средства наменети за подобра превенција од Ковид-19.
 
Целтта на проектот е подобрување на превенцијата од Ковид-19 во средните училишта и обезбедување дезинфекциони средства, а заеднички ќе го имплементираат Град Скопје, Нирнберг и Црвениот крст на Град Скопје.