Поддршка за Заев од првиот човек на НДИ Дерек Мичел за прифање авганистански цивили
Премиерот Зоран Заев доби поддршка од претседателот на Националниот демократски институт Дерек Мичел за одлуката за прифање авганистански цивили во земјава.
-Националниот демократски институт го поздравува премиерот на Северна Македонија за неговата заложба да прими авганистански цивили во неволја, кои својот живот го посветиле на мирно, мултиетничко општество со еднакви права за сите. Таквото лидерство и солидарност е она што се бара во време на криза, напиша на неговиот твитер налог претседателот на влијателната американска невладина организација која е посветена на унапредување на демократијата во светот.