Поддршка од Хрватска и Грција за евроатлантските интеграции на Северна Македонија


Голема поддршка за евроатлантските интеграции на земјава за почнување на преговорите со Европската унија во јуни, како и за целосно заокружување на процесот за полноправно членство во НАТО, изразиле премиерите на Хрватска и Грција, Андреј Пленковиќ и Алексис Ципрас на средбата со премиерот Зоран Заев во рамки на 8. Самит на шефови на влади на земјите од ЦИЕ и НР Кина од процесот 16+1 во Дубровник, Република Хрватска.

Во рамки на оваа трилатерална средба, како што соопшти владината прес-служба, беше потенцирана заложбата од страна на премиeрите дека во иднина ќе се работи интензивно на зацврстување на економските релации и врски меѓу трите земји, за унапредување на меѓународната трговија и инфраструктурно поврзување што ќе даде позитивен ефект на домашните економии од што бенефит ќе почуствуваат граѓаните во сите три земји, Северна Македонија, Хрватска и Грција.