Подарените тенкови на Украина се купени од Украина
ВМРО-Народна партија појаснува дека подарените тенкови не се донација од Русија, како што тврдат некои медиуми и сугерира државата да побара за нив некаква компензација од НАТО бидејќи се функционални.
ВМРО-Народна партија во врска со дискусијата деновиве за потеклото на тенковите кои се подаруваат на Украина, а појасни неколку работи за да, како што нагласуваат , не се создаваат непотребни забуни.
-Под услов да се работи за истите тенкови кои се набавени во кризата 2001 година, сакаме да потенцираме дека тенковите Република Македонија не ги доби како донација од Русија, како што пишуваат некои медиуми, туку државата ги купи од Украина, што беше многу важна помош со оглед на тоа дека тогаш имаше неофицијално емабрго за продажба на оружје за Македонија.
Сакаме да додадеме и нагласиме дека дека тенковите не се добиени како помош туку се купени со македонски пари.Согласно тоа добро е Северна Македонија да добие некаква компензација од НАТО земјите со оглед на фактот дека ова оружје е сеуште функционално и употребливо“, порачуваат од ВМРО-Народна партија.
Според реакциите на социјалните мрежи веста дека Македонија испраќа тенкови во борбата со Русија ги израдувала Украинците.
На профилот на Твитер на новинарот Илија Пономаренко може да се забележат десетици позитивни коментари упатени кон Македонија и критики кон западните земји дека многу повеќе ветуваат, а малку исполнуваат.
Од македонското Министерството за одбрана потврдија дека земјава ги дава како донација на Украина тенковите од тенковскиот баталјон на Армијата кој е планирано да биде расформиран. Тие посочија дека станува збор за ,,трета генерација тенкови кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа”. Дополнително, додаваат од МО, во наредниот период би требало да се трошат и ресурси за нивно уништување, што е нецелисходна активност за нашата Армија. Станува збор за десетина тенкови од 30 што ги има Македонија.
За донацијата реагираа вчера од Левица :
„Министерството за Одбрана ја потврди информација дека сликите и видео снимките на кои се гледа дека 10-тина Т-72 тенкови се испраќаат за Украина. Тенковите кои се испратени се дел од ограничениот корпус на тенкови на АРМ кој брои само 30тина тенкови. Ова доаѓа по серија претходни донации на воена опрема од и онака ограничениот арсенал на АРМ.
Министерството за Одбрана и Владата предводени од врховистичката СДСМ продолжуваат да ги ослабнуваат одбрамбените капацитети на Република Македонија, ставајќи ги македонците во се поголем ризик.
Потсетуваме дека претходно беа донирани борбени авиони за потребите на украинското воено воздухопловство како и дека во рамки на воените инсталации на АРМ беа присутни украински државјани со ознаки на нацистичкиот Азов батаљон. Тенковите Т-72 се клучен дел од копнените сили на АРМ и беа од големо значење во анти-терористичките операции од 2001 година.
Освен ослабнувањето на одбрамбените капацитети, со ваквиот потег Македонија е во се поголем ризик да го загрози снабдувањето на енергенси особено во зимата која по се изгледа дека ќе е кризна на енергетски и ценовен план. Руското МНР веќе најави дека интензивирањето на пратките за оружје во Украина ќе значи реципрочно интензивирање на економските рестрикции на снабдувањето на руските ресурси кон европскиот пазар. Во момент на политичко-економска криза ова може да е погубно за македонскиот работник.
Од хуманитарен аспект ваквите пратки само ќе ја продолжат агонијата на обичниот украинец, без да го сменат крајниот исход на специјалната воена операција. Проследено со фактот дека во Украина, како и во секоја воена зона, голем дел од оружјето завршува на црниот пазар, следствено ова значи само повеќе бандитство, страдање и смрт за украинците но и закана за безбедноста на цел регион“, стои во реакцијата на Левица, водечката проруска партија во земјата чии соопштенија звучат како да се пишуваат во Москва.