Почнуваат натпреварите од второто коло во Лигата на нациите


Денес започнуваат натпреварите од второто коло во Лигата на нациите. Уште еден дел од интересни судири претстојат на терените на Стариот континент.

Шпанија ќе се обиде да ја забележи првата победа во ова издание на турнирот. „Фуријата“ ја пречекува Украина во Мадрид. На другиот натпревар од Лигата „А“, се соочуваат Швајцарија и Германија, а овој натпревар ветува многу емоции.

Унгарија импресионираа на нивниот прв натпревар на турнирот, совладувајќи ја Турција на гости со 1-0, а денеска Русија сега ќе биде пречекана во Будимпешта. Интересен ќе биде и другиот натпревар во Лигата Б, Група 3 меѓу Србија и Турција.

Лига на нации, 2. коло:

Лига „А“

Шпанија – Украина
Швајцарија – Германија

Лига „Б“

Велс – Бугарија
Ирска – Финска
Унгарија – Русија
Србија – Турција

Лига „Ц“

Словенија – Молдавија
Косово – Грција

Лига „Д“

Андора – Фарски острови
Малта – Латвија