Почнуваат најголемите предизвици за три хороскопски знаци: Конечно крај на ретроградниот Меркур, но до 15 јануари турбулентно


 

Астрологијата открива кој сепак ќе мора да има трпение кога станува збор за ретоградниот Меркур!

Среќен крај на ретроградниот Меркур на сите кои слават! Конечно тргна по директниот пат, но одредени хороскопски знаци го ставија на тест трпението. Астролозите велат дека може да се соочат со тешкотии кои ќе траат до 15 јануари. Затоа, ако чувствувате дека ништо не ви оди добро додека сите околу вас се среќни за новиот почеток, не очајувајте. Бидете трпеливи уште две недели и подгответе се за пречките за кои ве предупредуваат ѕвездите. Еве кој е:

РАК
Можеби ќе ви се чини дека почетокот на 2024 година ви донесе проблеми во личните односи или на полето на кариерата. Ќе бидете повеќе склони кон конфликти, особено со луѓе од деловното опкружување. Како што одминуваат деновите, така ќе научите лекции за комуникација. Пазете се од избрзани реакции до 15 јануари доколку не сте подготвени за драстичните промени кои може да следат како последица на конфликтот кој ескалирал. Подоцна, сè почнува да се одвива како што сте замислиле.

ДЕВИЦА
Доколку сте родени во знакот Девица, можни се потешкотии на љубовно поле. Имавте визија дека новогодишната еуфорија ќе си ја заврши работата, но притисокот врз личноста што ја сакате – не носи добро. Го постигнувате спротивниот ефект, а тоа ви создава секојдневна напнатост. Обезбедете му разбирање на вашиот партнер или личност која ви се допаѓа, а до 15 јануари фокусирајте се на личниот раст и развој.

ВОДОЛИЈА
Големите предизвици во кариерата, јануари започна турбулентно. Чувствувате дека треба многу да ризикувате за мала добивка. Ќе се соочите со големи промени на работа, а многу Водолии ќе сакаат ненадејна промена на работното место. Ѕвездите велат дека можете да ги претворите новите околности во своја полза. Во средината на јануари ќе се уверите дека ова беше одлична можност за нов почеток и дека се се движи во насоката што сте ја замислиле.