Почнува судењето на поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски


 

Во Велешкиот суд денеска треба да почне судењето за поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски.

Тој ќе биде донесен од притвор во Шуто Оризари откако на минатото рочиште на 10 јули не се појави на судењето, па судијата одреди притвор. Пет дена полицијата не успеа да го пронајде Панчевски, поради што беше распишана потерница.

По ова тој самиот се пријави во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Панчевски одговара за злоупотреби на Акмис системот. Се товари дека влијаел во распределбата на вкупно 49 предмети и со негова интервенција одредувал судии за предметите.