Почнува со работа контролниот центар за патарини и патишта


Контролен центар за патарини и патишта преку кој ќе се врши мониторинг на сите наплатни станици, како и регулирање на сообраќајот на автопатната мрежа во земјава ќе биде официјално отворен денеска кај наплатниот пункт Петровец.

На отворањето, како што е најавено ќе присуствуваат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатија за државни патишта Зоран Китанов.

Центарот е дел од проектот за модернизација на патарините и претствува инвестиција од околу 18,6 милиони евра.