Почнува Саемот на книга во Скопје, на отворено и со попусти


Издавачите се подготвени да ги понудат своите најнови изданија и својата богата понуда со големи саемски попусти на Саемот на книга 2020 кој почнува денес и ќе трае до 14. септември на отворено во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот под монтажни објекти.

Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудатана голем број домашни и странски автори, странска литература,стручна, научна и белетристичка литература,книги за млади и деца.

Согласно Протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од Владата на РСМ, за Саeмот на книга 2020 ќе бидат обезбедени сите мерки за кои посетителите и изложувачите ќе бидат соодветно информирани.Заради безбедноста прв пат оваа година Саемот на книга ќе се одржува на отворен простор.

Работното време на саемот е од 10 до 20 часот,а на 14. септември од 10 до 17 часот.Билетот за влез чини 30 денари, а за деца и млади до 18 години изнесува 20 денари. Истите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на саемот.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Македонија.