Почнува реконструкција на осум основни училишта


Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека ќе се реконструираат основните училишта „Дитурија“ во Сарај, „Братство единство“ (Пенестриа) во Дебар, „Јашар Беј“ во скопската општина Чаир, „Гоце Делчев” во струмичкото село Вељуса, „Страшо Пинџур“ во село Јосифово, Валандово, како и основното училиште „Перпарими“ во гостиварско Чергане, основното училиште „Сабедин Бајрами“ село Камење во Боговиње и ООУ„11 октомври“ во Куманово.

-Продолжуваме со инвестициите во образовната инфраструктура кои значат унапредување на условите за едукација на младите и на условите за работа на наставниот и стручниот кадар. Ова е компонента на образовниот систем на чија модернизација ќе се стави фокусот и во следниот период, зашто условите во училиштата во голема мера влијаат на мотивацијата за постигнување подобри резултати, наведуваат од МОН.

Министерството истакнува дека продожува да работи на подобрување на образовниот систем, бидејќи, како што додава, нашата држава заслужува квалитетно образование и задоволни млади.