Почнува проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“
Како што е најавено, на настанот обраќање ќе имаат Насер Нуредини – министер за животна средина и просторно планирање, Вероник Улман – амбасадорка на Швајцарија, Армен Григорјан – постојан претставник на УНДП и Бесник Емшиу – градоначалник на Боговиње.
Со чистење и санација на речното корито на Боговињска Река во општина Боговиње почнаа големите инфраструктурни зафати за контрола и отпорност кон поплавите во полошкиот регион со цел намалување на последиците од идни катастрофи.
Оваа активност е дел од Програмата за подобрување на отпорноста кон поплави во Полог, вредна 12 милиони швајцарски франци, финансирана од Швајцарската влада и се спроведува во девет општини: Тетово, Гостивар, Теарце, Боговиње, Врапчиште, Желино, Јегуновце, Маврово-Ростуше и Брвеница. Предвидува трансформациска промена на системот за заштита од поплави преку развој на интегриран и софистициран пристап во справувањето со поплавите и друг вид катастрофи во Полог.