Почнува кампањата „Лето без пожари“


Одделението за превенција при СВР-Скопје денеска почнува со кампањата „Лето без пожари“. Активностите ќе започнат на паркингот на Средно Водно со почеток во 11 часот.
„Во соработка со противпожарната бригада на Град Скопје, Црвен крст на Град Скопје ќе започне кампањата за превенција на пожари на отворено во летниот период, активностите ќе се реализираат на тој начин што полициски службеници ќе остварат средби со рекреативците посетители на Парк шума Водно по случаен избор ќе сопираат и патнички моторни возила и на возачите ќе им укажуваат за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на пожари на отворено со укажување од последиците и да не палат оган на отворено“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Од страна на противпожарната бригада на Град Скопје ќе се направи обука и симулација на гасење на шумски пожар на вработените од Паркови и зеленило на Град Скопје и заинтересираните граѓани.
Активностите ќе продолжат во текот на летниот период во соработка општините на Град Скопје на девет стојни точки.