Почнува Генералното собрание на ОН, дебатата од вторник


Во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк денеска почнува 74.седница на Генералното собрание, а дебатата ќе почне на 24 септември.

Во текот на генералната дебата, која ќе трае до 30 септември, ќе зборуваат светските лидери.

Традиционално, прво се обраќаат претседателите на Бразил и САД.

Генералната дебата во рамки на Генералното собрание на ОН е можност светските лидери да се соберат во седиштето на ОН и да разговараат за светски теми.

Како што е најавено на веб-страницата на ОН, на дебатата ќе се обратат претставници на сите 193 земји членки на ОН, како и на три земји набљудувачи. Има вкупно 196 говорници, од кои 27 жени.

На седницата ќе учествуваат 126 шефови на држави или влади.

Во досегашните обраќања, најдолгиот говор траеше 48 минути, а најкраткиот пет минути.