Почнаа со дезинформации: Тешко ранет претседателот на Нагорно Карабах?


Претседателот на непризнатата република Нагорно Карабах, Арик Артуњанин е тешко ранет во нападот на азербејџанските сили, вели помошникот на претседателот на Азербејџан.

„По прецизен напад на азербејџанската војска лидерот на самопрогласената република Нагорно Карабах тешко е ранет“, рече тој.

„Ерменија е терористичка држава. Азербејџан нема да остави без одговор ни еден напад од таа земја. Сакам да му се обратам на Араик Артуњан лично – ти се сокри во бункер, но азербејџанската војска и таму те најде“, нагласи тој.

Претходно беше соопштено дека ерменска војска гаѓала положби на Азербејџан во градот Гјанџа, а според наводите на официјален Баку, при тоа загинал еден цивил, а четворица биле ранети.

Стигнаа деманти
Тврдењето на Азербејџан за ранувањето на претседателот на непризнатата република Нагорно Карабах е дезинформација, изјави портпаролот на лидерот Ваграм Погосјан.

„Тоа е апсолутна дезинформација. Претседателот е жив и здрав, во потполност ги исполнува своите должности, штотуку се обрати по пат на видео-снимка. Сфаќаме дека неговите здраворазумски одлуки предизвикуваат паника во Азербејџан, но по ова прашање мора да ги разочараме, рече Погосјан.