Почна средбата на работните групи за законот за јавно обвинителство


Фото: Б. Грданоски

Во Собранието попладнево почна средбата на работните групи од власта и опозицијата кои треба да ги усогласат ставовите околу законот за јавно обвинителство со кои треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

Средбата е затворена, а на неа присуствуваат министерката за правда Рената Дескоска и Бојан Маричиќ, советник за евроатлантски интеграции на премиерот.

На средбата присутна е и Соња Мираковска од СДСМ, а од ВМРО-ДПМНЕ присутни се Антонио Милошоски и адвокатот Тони Менковски.

Власта и опозицијата со месеци не можат да се договорат околу статусот на Специјалното јавно обвинителство. Власта предлага СЈО да премине целосно во Обвинителството за организиран криминал со сите негови предмети, а опозицијата бара истражителите и обвинителите од СЈО да се вратат на претходните нивни работни места.