Почна реконструкцијата на стационарот „Вардариште“


Во стационарот „Вардариште“ денеска почнаа градежните активности на двата објекта. Се демонтираат постојните метални боксови и елементи.

– Истите ќе бидат комплетно заменети со нови по современи стандарди во служба на основните потреби и благосостојба на бездомните животни кои ќе бидат дел од новата програма. Со денешните активности ќе се ослободи простор за слободен, непречен влез и функционирање на градежната механизација согласно со проектната документација за реконструкција, санација и адаптација, информираат од Град Скопје.

Досега со стационарот „Вардариште“ стопанисуваше ЈП „Комунална хигиена“, а отсега за заловените уличните животни ќе се грижи новоформираното претпријатије „Лајка“, кое, како што велат од Град Скопје, има целосно нов концепт и пристап кон решавањето на проблемот со уличните животни и нивниот третман и благосостојба.