Почна проектот „Лице во лице со претседателот“, Пендаровски во непосреден контакт со граѓаните


Претседателот Стево Пендаровски денеска од велес го стартуваше проектот „Лице во лице со претседателот„, најавен во изборната кампања, а со кој сака да направи увид во проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните.

-Идејата на целиот проект е наместо како порано што беше пракса и сега е на некои места граѓаните да доаѓаат и се поплакуваат на политичките авторитети, вклучително и кај претседателот. Затоа  јас сега како претседател дојдов да ги прашам кои се нивните проблеми и како можам да им помогнам и некоја работа да ја направам видлива да апелирам до надлежните државни институции што побрзо да ги  решат нивните проблеми, изјави Пендаровски при престојот во Велес.

Како претседател сака во непосреден контакт со граѓаните да им помогне во решавање на проблемите, за, како што рече, граѓаните  да не почувствуваат дека се изолирани од избори до избори.

Тој најави дека средбите со граѓаните ќе се одвиваат двапати месечно во помали места и во останатите градов и дека во своите работни простории во Скопје ќе има отворени денови со граѓаните. Потенцира  дека граѓаните се уште  можат да се обратат до него со писмо и дека се уште постои Комисија за приговори и жалби и таа продолжува со работа.

Според претседателот во рамки на средбата ќе разговара и за убавите примери и посечи дека во Велес имал можност да го види велешанецот кој е најдобар изработувач – мајстор за најдобрите светски брендови  за виолини Светозар Богдановски.

За време на престојот во Велес ја посети и Територијалната противпожарна единица при што оцени дека опремата не е на задоволително ниво и дека се прават напори тоа наскоро овој проблем да се реши и во Велес и во останатите градови каде е неопходно.

-Проблемот со опременоста на овие единици е малку поширок и не е само општински и не треба за тоа да се зборува само кога се случуваат пожари од големи размери и треба со време според него да се зборува за подготвеноста на овие луѓе.Тој беше дециден и одговори дека може да им помогне, рече претседателот.

Додаде дека постојат два начина кои тоа го прави и дека веќе е во преговори со две амбасади во Скопје, а кои се познати по своите донации на ТППЕ.

Информира дека денеска има состанок на Економско-социјалниот совет на Владата на Република Северна Македонија на која ќе се разговара за помошта што може да се даде од централната власт по катастрофалниот шумски пожар кај велешкото езеро „Младост“.

Очекува советот брзо да реагира и дека ќе има разбирање кај членовите, имајќи предвид дека советот го води велешанец.

-ТППЕ во Велес имаше исклучително тешка задача во справувањето со големиот шумски пожар кој летово изби кај велешкото езеро „Младост“ се радува што денес во стројот на Единицата гледа пожарникари кои беа повредени при интервенцијата, рече Пендаровски, кој посетата во Велес ја почна со засадување дрвце на опожарените 409 хектари зафатени со пожарот од 26 август, а со што почна есенската акција за пошумување.

Пендаровски го посети и ООУ „Св Кирил и Методиј“ едно од најстарите во земјава кои според последната евиденција од надлежните е едно од 10-те најдобро рангирани во земјава.