Почна масовната акција за генерално чистење на Скопје


Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во соработка со останатите градски претпријатија, денеска започнаа масовна дводневна акција за генерално чистење на сите скопски општини.

Во рамките на акцијата ќе се реализираат активности за миење на главните и на споредните улици со автоцистерни, рачно и машинско метење, како и отстранување на дивите депонии. ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во девет скопски општини ќе постави специјални контејнери за собирање кабаст отпад, во коишто граѓаните ќе имаат можност да го одложат стариот мебел, како и отпадот од електричната и електронската опрема. Претпријатието на терен ќе реализира и едукативни разговори со граѓаните, со цел решавање на актуелните проблеми со неправилното одлагање на отпадот.

„ЈП „Комунална хигиена“-Скопје“ со сите свои капацитети и ресурси се приклучува кон масовната акција за чистење на Градот Скопје. Би сакале да ја информираме јавноста дека само во текот на првите шест месеци од годинава, нашите екипи исчистија и транспортираа 4.674 кубни метри отпад од диви депонии, што претставува зголемување од дури 443 проценти во однос на истиот период минатата година.

Затоа, и во оваа прилика ги потсетуваме граѓаните дека хигиената и чистотата на градот Скопје во голема мера зависи од нивните постапки и апелираме до жителите на нашиот град да го почитуваат Законот за јавна чистота и својот отпад да не го одлагаат на јавни површини“, изјави директорот на „ЈП „Комунална хигиена“-Скопје“, Абдусамед Шабани.

Специјалните контејнери за собирање кабаст отпад ќе бидат поставени на следните локации:

Општина Чаир:

– раскрсницата меѓу булеварот Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ

– ул. Ферид Мурад, до СУГС „Цветан Димов“

– ул. Крсте Асенов бр.5, до Пајтон

 

Општина Аеродром:

– ул.Коста Новаковиќ бр.29

– бул.Јане Сандански бр.72

– ул.Димитар Туриманџовски – спроти амбулантата

 

Општина Шуто Оризари:

– ул. Че Гевара, кај СУГС „Шаип Јусуф“

-спојот меѓу ул.Брсјачка буна и ул.Нов живот, кај Спортската сала

-спојот меѓу ул. Нов живот и Гвадалахара, во близина на автобуската постројка на последна 19-ка

 

Општина Гази Баба:

-нас. Автокоманда, ул.Лазар Поп Трајков (пред напуштениот објект на Центро)

-нас. Хиподром, кај автобуската постројка на последна 50-ка

-нас.Ченто, зад Тинекс

 

Општина Бутел:

-ул. Груица Војвода (зад кино Бутел)

-сквер на ул. Хо Ши Мин и ул. Рудо

 

Општина Кисела Вода:

-ул.Ратко Митровиќ, до Спортската сала

-раскрсница на ул.Христо Татарчев и ул.Дебарска,кај Гет кафе

-Парк Пушкин

 

Општина Центар:

-нас.Дебар Маало, на кружниот тек, кај градинката

-Универзална сала, во близина на Вучко

-Зелен пазар, до рампата на паркингот

 

Општина Карпош:

-бул.Митрополит Т.Гологанов, кај Македонска куќа

-ул.Женевска, кај автобуската постројка на последна 24-ка

-ул.Бранислав Нушиќ, кај Драмски театар, во близина на Тинекс

 

Општина Ѓорче Петров:

-ул.Лука Геров, паркингот по Ромското маало

-нас. Хром, ул. Воин Д., до спортското игралиште

-нас.Дексион, кај автобуската постројка на последна 5-ка