Почна изградбата на мултифунционален спортско-рекреативен комплекс во Лисиче


Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваа почетокот на градежните работи за изградба на нов спортско-рекреативен комплекс во Лисиче. Инвестиција целосно обезбедена од општина Аеродром.

Муцунски истакна дека во овој дел од општина Аеродром повеќе од 10 години немало ваков тип на инвестиција.

„Токму денеска, на оваа локација присуствувавме на официјалното отпочнување на активностите за реконструкција и осовременувањето на спортскиот терен, како и уредувањето на околниот простор што опфаќа изведба на детско игралиште, поставување на павер елементи, клупи, модерно лед – осветлување, пешачка патека и нови садници во целиот простор. Комплекс кој треба да овозможи содржини за сите возрасти, за спортистите, рекреативците, но и оние кои уживаат во мирниот маалски живот во Аеродром“, рече градоначалникот Муцунски .

Денеска официјално започнаа активностите за уредување на новиот мултифункционален комплекс, лоциран на „Островска“ во Лисиче. После долг временски период, граѓаните од овој дел на Аеродром, добиваат нов простор за спорт, рекреација, прошетка и исполнување на слободното време. Еден стар и запуштен дел од Аеродром, ќе добие нов, модерен и современ изглед.