Почна ерата на дигитална царина, за 12 часа процесуирани над 300 декларации
Над 300 извозни декларации без ниеден регистриран технички проблем се процесуирани во првите 12 часа од примената на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), информираат од Царинската управа.
-Успешниот старт на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи и неговата понатамошна примена значително ќе придонесе за поефикасно спроведување на формалностите, во споредба со досегашниот систем базиран на употреба на хартија, унапредувањето на економскиот амбиент во државата и дополнителна придобивка во забрзувањето и олеснувањето на размената на стоки со најзачајните економски партнери на Република Северна Македонија, порачуваат од Царинската управа.
Почетокот на примената на СОЦДАД, додаваат, е најголемиот чекор кон реализацијата на модернизација и дигитализација на царинското работење, со што се потврдува определбата на Царинската управа да биде лидер во регионот и во процесот на пристапување кон Европската Унија.