Почна да се полни и модуларната болница


Инфективна клиника со модуларна болница

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ изјави дека веќе се полнат капацитетите на модуларната болница до Инфективната клиника, односно дека веќе има 15 места од вкупно 71 колку што е капацитетот.

Исто така Стевановиќ уште еднаш апелираше на почитување на мерките за заштита од коронавирусот, а воедно апелираше сите оние кои се асиптоматски случаи да не доаѓаат на Инфективна, туку да се лекуваат согласно препораките на матичен лекар.

Министерот Венко Филипче вчера во изјава за медиумите напомена дека откако ќе се потполнат капацитетите, ќе биде прогласен полициски час во земјата.

Последните денови во Македонија има драстичен скок на заразени со Ковид-19, и повеќе хоспитализирани низ болниците. Во повеќето други градови, пак, веќе нема место за нови заболени од Ковид-19.