Почина 32-годишен битолчанец позитивен на вирусот, одбивал хоспитализација

Битолчанец на возраст од 32 години починал од Ковид-19, откaко позитивен на вирусот одбивал да се хоспитализира.
Ова е најмладата жтрва на вирусот во Битола денеска од чии компликации починаа уште двајца битолчани на возраст од 72 и 79 години.
„Пациентот одбивал хоспитализација, а бил позитивен на вирусот од 18 јануари. Првиот прeглед е извршен на 18 јануари и примен е во дневната болница на негово барање. Сепак задржан е вечерта поради тешкотии во состојбата. Не бил вакциниран. Имал и коморбидитети лезија на црниот дроб и дебелина“, велат од битолската клиничка болница.
Во понеделникот на Инфективното одделение во Битола почина 33-годишна жена сомнителна на вирусот за што беше побарана судско медицинска обдукција. Од Нова година до сега починати се над 20 битолчани позитивни на Ковид-19.
Денеска во Битола се регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19. Во моментот активни се 1.600 случаи. (А.Б.)