ВЛЕН очекува Груби да „пропее“
Судењето на вицепремиерот Артан Груби и уште седум лица обвинети за злоупотреби во случајот „Државна лотарија“почна во Кривичниот суд. Предметот ќе го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.
За фолклорот околу судењето се задфолжени ВЛЕН кои најавуваат дека Груби ќе „пропее“.
Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ, велат од ВЛЕН.

Но, додаваат од таму, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ?
„Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел? Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел. Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат. Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните“, велат од ВЛЕН.

Фото:Борис Грданоски