Починал откако со автомобил удрил во паркирано возило во дефект


Фото: Б. Грданоски

Во неделата, во 15.20 часот било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на Град Скопје, во близина на надвозникот „Инџиково“, се случила сообраќајна незгода.

Патничко возило „даеву рејсер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Б.(56) од Скопје удрило во патничко возило „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки, кое поради дефект, од страна на возачот М.К.(35) од Дебар било паркирано на десната страна од коловозот.

Во незгодата Т.Б. починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.