Починаа уште двајца од заразените со корона вирусот


Двајца пациенти позитивни на Ковид-19 починаа од компликации поради инфекцијата. Неофицијално, едниот од починатите е од Скопје, а другиот од Струга.

Со ова, вкупниот број на починати лица достигна 32 лица.

Во последниве 24 часа во земјава се регистрирани 48 новозаболени пациенти од Ковид-19, со ова вкупниот број на заболени во Македонија достигнува 711 лица.