Починаа уште 25 лица, новозаболени 1.722


Фото: Б. Грданоски

 

Во последните 24 часа регистрирани се 1.722 нови случаи на корона вирус од направени 4.939 тестови, што изнесува високи 34,8 отсто од примероците. Починаа вкупно 25 лица. 

Новозаболени според градови:  Скопје – 1.011, Кавадарци – 85, Куманово и Битола – по 83, Прилеп – 51, Тетово и Велес – по 50, Гостивар – 37, Валандово – 30, Охрид и Кичево – по 26, Радовиш – 22, Гевгелија – 21, Струмица – 20, Неготино – 19, Струга – 17, Кочани – 13, Делчево и Богданци – по 12, Крива Паланка – 11, Ресен – 9, Штип – 5, Свети Николе – 4, Берово, Дебар, Виница, Кратово, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.

Меѓу новозаболените има 250 реинфекции.

Регистрирани сe 1.942 оздравени пациенти од: Скопје – 663, Битола – 250, Кавадарци – 151, Куманово – 106, Тетово – 82…

Во изминатиов ден регистрирани се 16 починати лица: шест од Скопје (61, 72, 73, 75 , 79 и 88) и по едно починато лице од Битола (69), Велес (68) Делчево (71), Демир Хисар (80), Крива Паланка (85), Неготино (65), Радовиш (78), Струга (64), Струмица (65) и Тетово (83). Сите лица освен едно се починати во болнички услови. 

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 за периодот од 23.01.2021 – 05.02.2022 пријавени се дополнително девет починати лица, Скопје (2), Охрид (2), Богданци (2), Свети Николе (1), Делчево (1) и Кочани (1). Починатите се на возраст од 47г до 92г. Од нив пет се починати во болнички услови и четири лица  во домашни услови. 

Од вкупниот број на починати лица (n=25), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 280.594, бројот на оздравени пациенти е 259.898, на починати е 8.624, а бројот на активни случаи изнесува 12.072.