Починаа 24 лица, дури шестмина од Струмица


Фото: Б. Грданоски
Продолжуваат високите бројки на нови инфекции од корона вирусот, а има и голем број починати. Според податоците што ги објави министерот за здравство, венко Филипче, на Фејсбук во последните 24 часа има регистрирано 913 нови случаи од  2.731 тестирања. Починаа 24 лица.
Бројот на нови инфекции според градови:
– Скопје 459
– Куманово 25
– Дебар 1
– Штип 18
– Прилеп 78
– Тетово 44
– Струга 11
– Велес 79
– Битола 33
– Охрид 37
– Кавадарци 24
– Гостивар 9
– Гевгелија 3
– Струмица 26
– Крива Паланка 3
– Радовиш 3
– Крушево 3
– Кочани 8
– Пробиштип 2
– Демир Хисар 3
– Пехчево 1
– Берово 1
– Валандово 2
– Виница 4
– Делчево 10
– Кратово 5
– Свети Николе 9
– Кичево 5
– Ресен 2
– Неготино 5
Од починатите се 24 лица дури шест се од Струмица (75, 64, 75, 60, 37 и 61). Понатаму, двајца починати пациенти се од Скопје (77 и 67), еден од Куманово (59), четири пациенти од Прилеп (70, 61, 79 и 45), тројца од Велес (82, 78 и 82), двајца од Битола (80 и 62), тројца пациенти од Охрид (67, 64 и 68), двајца од Гостивар (66 и 68) и еден пациент од Пробиштип (69).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 421 оздравени пациенти од:
– Скопје 199
– Куманово 18
– Штип 15
– Прилеп 25
– Тетово 25
– Струга 6
– Велес 11
– Битола 7
– Охрид 14
– Кавадарци 15
– Гостивар 11
– Гевгелија 16
– Струмица 26
– Радовиш 5
– Крушево 1
– Кочани 1
– Пробиштип 2
– Македонски Брод 1
– Берово 4
– Валандово 1
– Свети Николе 7
– Кичево 7
– Неготино 4
Досега во земјата се направени вкупно 255.904 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 33.908, бројката на оздравени пациенти е 21.665, на починати е 1.049, а бројот на активни случаи изнесува 11.194.