Почина затвореник, маж најден починат дома


 

Еден затвореник од затворот „Идризово“ починал поради влошување на здравствената состојба, а друг маж најден е починат дома во козле, откако во населбата почнала да се шири непријатна миризба.

Во средата, во 11.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен со влошена здравствена состојба Е.Б.(59) од Тетово, кој издржувал казна затвор во КПУ „Идризово“. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Истиот ден, во 12.47 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје подолго време се шири непријатна миризба од куќа каде живеел Т.Т.(66) од Скопје, кој околу една недела не бил забележан од соседите. Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде бил пронајден починат Т.Т.. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.