Почина Слободан Вујчиќ – Брацо


По кусо боледување, денеска во Скопје почина големиот пријател и помагател на македонскиот спорт, Слободан Вујчиќ – Брацо (70). Како претставник на маркетиншкаta компанија УФА МЕДИА од Германија, а потоа и на СВ-РСА и на Спорт 5 ги застапуваше телевизиските права на најпознатите македонски екипи и репрезентации.

Вујчиќ беше спонзор на ФК Вардар. Во „негово“ време Вардар беше на дофат од групите во фудбалската Лига на шампиони. Се паметат незаборавните средби со ЦСКА Москва, Спарта Прага и Рома. Финансиски ги помагаше Работнички, Тетекс, Македонија ЃП, Слога Југомагнат, Победа, Борец, Еуромилк, Локомотива…