Почина славниот актер Ленс Редик


 

Популарниот актер Ленс Редик е пронајден мртов во неговиот дом во Калифорнија околу 9 часот утринава, јавуваат американските медиуми.

Причината за смртта се’ уште не е позната, а властите ги истражуваат околностите. Се претпоставува дека во прашање е природна смрт.

Ленс беше на промотивна турнеја и требаше да се појави во едно популарно ток-шоу следната недела.

Последен пат се огласи на социјалните мрежи во средата наутро, кога сподели видео од својот дом каде ужива со кучињата.

Многумина беа збунети кога актерот неодамна не се појави на премиерата на филмот „Wick 4“ во кој има забележителна улога.

Ленс Редик се прослави со улогата во легендарната серија The Wire каде пет сезони го играше полицаецот од Балтимор Седрик Даниелс.

Една од последните улоги на популарниот актер е ликот на грчкиот бог Зевс во серијата Percy Jackson and the Olympians која допрва треба да излезе.