Почина ракометниот стратег Илија Темелковски

Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, на 71-годишна
возраст почина Илија Темелковски.
Во својот работен век како тренер ги предводеше Тинекс Пролет, Еурофарм Пелистер и Струга.
Како селектор на младата репрезентација го освои четвртото место на Европското првенство во Полска во 2002 година.
Сениорската репрезенација ја однесе на Мундијалот во Хрватска, го освои 11-то место, но она
што е позначајно, тука започна континуитет на учеството на големите натпреварувања кој трае
до денес.
Погребот е утре (14.10.2025) во 11,30 часот на Градските гробишта Бутел.