Почина првиот лекар од корона вирусот – уролог од Тетово


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил пред малку објави дека во болницата ,,8 Септември“, починал првиот лекар од корона вирусот – тоа е 64-годишниот уролог од Тетово д-р Арификмет Деари. Филипче напиша дека Деари бил хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на Ковид-19. Деари ја загубил битката со короната по 15 дена болничко лекување.

„Д-р Деари, кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство. Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани“, напиша Филипче на Фејсбук.