Почина прославениот српски режисер Горан Паскаљевиќ


Авторот на „Специјален третман“, Лажливо лето 68“, режисерот Горан Паскаљевиќ, почина во париз на 74 години. Паскаљевиќ својот уметнички подем го почна во времето на Југославија, заедно со една извонредна генерација на српски и хрватски режисери.

Како и многумина од нив и Горан Паскаљевиќ дипломираше филмска режија на Прашката академија. Режираше многу документарни филмови и ТВ драми, а својот прв игран филм „Чуварот на плажата во зимскиот период“ го сними во 1976 година. Тој стана амблематичен за цела генерација филмски режисери и сценаристи.

Други негови филмови се „Буре барут“, „Танго Аргентино“, „Ангел чувар“…

Добитник е на многу престижни награди, вклучувајќи ја и наградата на критичари за најдобар европски филм во 1998 година за „Буре барут“ и наградата во Сан Себастијан во 1990 година за филмот „Време на чуда“.

Списанието „Вараети“ го прогласи за еден од петте најдобри режисери на годината во 2001 година. Беше одликуван со Француски орден за уметност и литература.