Почина познатиот бугарски антрополог, Ивајло Дичев


 

Ивајло Дичев, бугарскиот културен антрополог, кој имаше исклучително знаење да ги раздробува промените што се случуваат во општеството во Бугарија и особено во нејзините односи со Македонија, почина денеска на 68 години.

До неодамна беше професор на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“.

Неговите колеги пишуваа за него дека тој е „еден од најпаметните предавачи (…) за кого образованието беше една од најважните причини“.

Дичев со децении е познат по својот граѓански став за прашања кои се многу актуелни за Бугарија. Беше коментатор за Дојче веле и бугарски „Дневник“, а неговите анализи за односите меѓу Бугарија и Македонија беа растоварени од националистичките приказни и митовите од минатотот и насочени кон соработката меѓу двата народи. Поради неговата ерудиција Ивајло Дичев беше познат и во македонската јавност. „Независен“ многу пати во изминативе години ги објавуваше неговите текстови.