Почина поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти

Бенедикт живеше во Ватикан, откако престана да биде папа во 2013 година


Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој стана првиот понтиф кој поднесе оставка во последните 600 години, почина на 95-годишна возраст.

„Со тага ве известуваме дека емеритус Бенедикт XVI почина денеска во 9.34 часот во самостанот Мастер Еклесие во Ватикан“, стои во соопштението.

Здравјето на почесниот папа, како што го нарекуваа Бенедикт откако се повлече, претрпе „влошување во последните часови“ поради неговата возраст, соопшти Ватикан, а лекарите постојано ја следеа неговата состојба.

Бенедикт живеше во Ватикан, посебна национална држава која се наоѓа во границите на италијанскиот главен град Рим, откако престана да биде папа во 2013 година, во Мастер Еклесие, во ѕидините на Ватикан.

Ја водеше Католичката црква помалку од осум години додека во 2013 не стана првиот папа кој поднел оставка по Гргур  XII во 1415 година.

Тој рече дека сака да поднесе оставка бидејќи повеќе нема физичка и ментална сила да раководи со црквата.

Во последниве години, тој стана сè поизнемоштен, откако го посвети својот пост-папски живот на молитва и медитација.

Пред да биде избран за папа во 2005 година, тогашниот кардинал Џозеф Рацингер служеше како шеф на доктрината чувар на Ватикан, наречена Конгрегација за доктрина на верата.

Тој ја имаше моќната улога 24 години, добивајќи го прекарот „Божји ротвајлер“ поради неговите строго конзервативни теолошки ставови.

Говорејќи пред да биде објавена неговата смрт, католичкиот надбискуп од Вестминстер рече дека Бенедикт ќе остане запаметен како „еден од големите теолози на 20 век“.

Кој беше папата Бенедикт?

Папата Бенедикт XVI, чие вистинско име е Јозеф Рацингер, роден е во Германија. Имаше 78 години кога во 2005 година стана еден од најстаите папи некогаш избрани. Во текот на поголемиот дел од неговото папинство Католичката црква се соочуваше со обвиненија дека нејзини членови со децении злоставувале деца.

Порано оваа година, поранешниот папа призна дека се направени грешки во решавањето на случаите со злоупотреба на деца, додека бил надбискуп во Минхен меѓу 1977 и 1982 година. Кога германскиот кардинал Јозеф Рацингер на 19 април 2005 година во четврто гласање е избран за 265 папа , стана прв поглавар на Католичката црква од Германија по девет и пол века.

Тие кои го познаваа велат дека бил опшутен, умерен и скромен, но непоколебливо морален. Или како што го опишуба еден од кардиналите, „љубезен, но тврдоглав“. Друг вели дека Рацингер имал многу вештини, „но управувањето не било едно од нив“.

Телото на Бенедикт Шеснаесетти од понеделник ќе биде положено во базиликата Свети Петар

 

Телото на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти од понеделник ќе биде положено во базиликата Свети Петар за верниците да можат да му оддадат почит, соопшти Ватикан.

Погребот ќе биде во четврток на 5 јануари.

Папата Франциск ќе ја предводи погребната служба на неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти во четврток на плоштадот Свети Петар, соопшти Ватикан.

Мелони: Поранешниот папа Бенедикт беше „џин на верата и разумот“

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го нарече Бенедикт Шеснаесетти, кој почина денеска во Ватикан на 95-годишна возраст, „џин на верата и разумот“.

Таа го нарече германскиот теолог „човек со љубов кон Господ кој го стави својот живот во служба на универзалната црква и кој зборуваше и ќе продолжи да зборува со срцата и умовите на луѓето“.

– Христијанин, свештеник, теолог: голем човек кого историјата нема да го заборави. Му изразив на светиот отец Франциско дека владата и јас лично ја делиме неговата тага и тагата на целата црковна заедница, напиша Мелони во соопштение.