Почина поранешниот француски претседател Жак Ширак


Франција – На 87-годишна возраст почина поранешниот француски претседател Жак Ширак.

Ширак беше роден на 29 ноември 1932 година во Париз.

Беше претседател на Франција во два мандата – од 17 мај 1995 до 16 мај 2002 година и вториот пат, од 17 мај 2002 до 17 мај 2007 година. Претходно беше градоначалник на Париз и премиер.

На 15 декември 2011 година, Ширак беше осуден на две години затвор за злоупотреба на државни фондови и судир на интереси додека бил градоначалник на Париз.

Би-Би-Си наведува дека последните години на неговото владеење биле обележани со скандали со корупција.  Една од најважните политички реформи што тој ги спроведе е намалување на мандатот на францускиот претседател од седум на пет години.

Негов претходник на местото претседател беше Франсоа Митеран, а го наследи Никола Саркози.