Почина поранешната пратеничка Благородна Дулиќ


Неколку дена откако наполни 78 години, почина Благодорна Дулиќ, поранешен пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. На собраниските клупи беше до 2014 година. Таа е родена во Кочани, во 1941 година, има завршено Правен факултет.

Дулиќ ќе биде погребана утре на гробиштата во Бутел.