Почина помладиот брат на Доналд Трамп


Помладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп и негови близок соработник Роберт (71) почина синоќа во болница во Њујорк, објави денеска претседателот Трамп.

„Со силна болка во моето срце, објавувам дека мојот прекрасен брат Роберт почина мирно минатата ноќ. Тој не беше само мојот брат, туку и мојот најдобар пријател”, се вели во изјавата на Трамп.

„Многу ќе недостасува, но ќе се сретнеме повторно. Споменот за него ќе биде во моето срце засекогаш. Роберт, те сакам. Почивај во мир”, изјави Трамп, кој во петокот го посетил својот болен брат во болница.

Засега не е позната причината за смртта на Роберт Трамп.