Почина Питер Линдберг, фотографот на славните манекенки


САД– Славниот германски фотограф Питер Линдберг, кој ги следеше кариерите на топ-моделите Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон и на Татјана Патиц , почина на 74 години, соопшти семејството.

Тој ги снимаше првите кампањи на Фолцваген Голф и работеше во магазинот „Штерн “ пред да се пресели во Париз во 70-тите.

„Нема убавина, без вистина“, знаеше да каже Линдберг кој во својата плодна кариера соработуваше со Вог, Ванити Фер, Харперс Базар и Њу Јоркер, но снимаше и легендарни фотосесии за престижниот календар на „Пирели“.