Почина пејачот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски


Пејачот на култната рок група „Парни ваљак“ од Загреб, Аки Рахимовски почина денеска на 67 години, потврди неговиот менаџер Дамир Осредечки.

На официјалниот фејсбук профил на групата „Парни Ваљак“ веќе се појави и фотографија од скопјанецот Аки, со последен поздрав со стиховите:

“Za malo nježnosti
na sve ću pristati
za malo nježnosti
da mogu zaspati”

„Му се слоши утринава и веднаш беше однесе во болница во Ново Место. Пред еден час ми се јавија дека починал, но уште не ја знаеме причината за смррта“, изјави Осредечки за медиумите.

Александар „Аки“ Рахимовски е роден во Ниш, Југославија, на 5 јуни 1955, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите „Вакуум”, „Крвни браќа” и познатата „Тор” со кој настапи на фестивал во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на „Парни ваљак”.

Аки остави зад себе три деца, син и ќерка од двата брака , а пред две години стана татко на Антонија од тајната врска со Словенката Барбара Весел заради што се преселил во Словенија.