Почина патријархот на СПЦ Иринеј, уште два поглавара се борат со Ковид-19

Српскиот патријарх Иринеј (90) почина денеска од компликации од новиот корона вирус. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека патријархот Иринеј починал. Тој на Инстаграм, заедно со црно-белата фотографија од патријархот Иринеј, напиша:

„Ми беше чест да те познавам. Луѓето како тебе никогаш не заминуваат”.

Патријархот Иринеј беше пренесен во болница на 4 ноември. Претходно беше дијагностициран со корона вирус, но немаше никакви симптоми. Иринеј беше на погребот на партијархот Амфилохије, кој исто така, на 30 септември, почина од корона вирус.Беше избран за патријарх на СПЦ на 22 јануари 2010 година.

Инаку, во моментов хоспитализирани поради Ковид-19 се и поглаварoт на грчката црква, Јеронимос и на албанската, Атанасиос Јанулатос.