Почина основачот на „Јиск“


Еден од најбогатите Данци на светот и основач на „Јиск“ Ларс Ларсен почина денеска на возраст од 72 години во својот дом во Силкрборг.
Пред два месеци нему му беше дијагностициран рак, па поради тоа ја напушти позицијата претседател на оваа компанија.
„Данска изгуби голем човек“, напиша на својот Твитер профил шефот на данските економски комори Бриан Микелсен.
„Јиск“ ја основа во 1979 година и тоа со заштеда од 20.000 долари. Компанијата има повеќе од 2.700 продавници во повеќе од 52 земји на светото. Денес неговото богатство се проценува на три милијарди долари.
„Сѐ ќе продадам освен `Јиск`. Тоа е моето бебе, а бебињата не се продаваат“, рече Ларсен во интервју во 2013 година.
Зад него останаа сопругата Кристине, две деца и четири внучиња. неговиот син Јакоб Брунсборг го замени на позицијата претседател на „Јиск“.