Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска, колегите се простуваат од извонредниот мецосопран на НОБ


Почина оперската пејачка Ирена Кавкалевска, мецосопран во Националната опера и балет (НОБ), соопшти нејзината матична оперска куќа. Кавкалевска имаше 51 година. Погребот ќе се одржи в петок во 12 часот, на градските гробишта во Бутел во Скопје.

Ирена Кавкалевска, мецосопран, добитничка на многу награди, школувана во Македониіа, Софиjа, Грац, Загреб, Кавкалевска дебитира на сцената на МОБ во 1996 година со улогата на Мадалена во „Риголето”.
Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а незиниот репертоар зборува за успешни креации во „Кармен”, „Аида”, „Набуко”, „Моќта на судбината”, „Сестра Анџелика”, „Лули Цезар во Египет” „Севилскиот берберин”, „Лилјакот”, „Иван Сусаньин”, „Цар Самоил”.
„Уште во првата нејзина појава, Ирена Кавкалевска беше вистинско олицетворение на Кармен, бескрупулозната заводничка. Таа апсолутно пленеше со сценичноста, владееше со целото дејство, очигледно се чувствуваше удобно во улогата што а толкува. Комотна и самоуверена на сцената, мошне маркантно ja долови фаталната женска привлечност” – зборува музичката критика за креацијата на нашата уметница во познатата опера на Жорж Бизе.
 
Нејзината појава беше особено ретка, како на сцената така и во приватниот живот. Зрачејќи со својата елеганција, нежност и благородност, остави голема трага во срцата на публиката и колегите. Истовремено, беше и силен борец во сите животни премрежја.
 
Прераната смрт на почитуваната и драга Ирена Кавкалевска за Македонската опера и балет и воопшто, за севкупниот културен живот, претставува огромна загуба. Таа имаше и можеше да подари уште многу сценски и концертни креации…, се вели во објавата на НОБ. 
 

 
Од Кавкалевска се простувата многу нејзини колеги. 
Министерот за култура и туризам  Зоран Љутков, во објава на Фејсбук вели дека со огромна тага ја примил веста за физичкото заминување на нашата оперска првенка, Ирена Кавкалевска.
„Нејзините маестрални сценски изведби на посебен начин ја збогатија македонската оперска уметност и дадоа особена препознатливост на македонската култура.
На сцената презентираше страст, убавина и силни емоции, кои допреа до многумина, а нејзината изведба на Кармен останува незаборавна.
Прераното напуштање на животната сцена, претставува огромна загуба за нејзиното семејство, за колегите од Националната опера и балет и за македонската култура“, вели министерот Љутков.