Почина новинарот Тодор Пендаров


Денеска почина долгогодишниот новинар Тодор Пендаров.

Пендаров беше политички аналитичар кој во својата кариера беше и дописник за Радио Скопје, а работеше и како советник за односи со јавност во Собранието на Република Северна Македонија.

Зад себе остави долгогодишна новинарска кариера, редовно присуствувајќи на ТВ-дебатите, анализирајќи ги политичките случувања. 

По повод смртта на Тодор Пендаров, телеграма со сочувство испрати претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Изразувам искрено сочувство од свое лично име, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од име на собраниската служба, убеден дека споменот за неговиот лик, неговата позитивност и силна волја за живот ќе живее вечно низ ходниците на собраниската зграда. Неговата професионалност и богатото искуство од долгиот и мултидимензионален стручен развој, беше вистински  придонес во функционалноста на законодавниот дом, меѓутоа претставуваше и скапоценост за демократскиот развој на нашата земја“, се вели во телеграмата на Џафери.