Почина новинарот Менде Младеновски


 

По кусо боледување денеска почина Менде Младеновски (69)долгогодишен новинар и главен и одговорен уредник на „Битолски весник“. Тој имаше голем придонес во македонското новинарство, а меѓу колегите ќе остане запаметен како вистински професионалец, кој целиот свој работен век му го посвети на „Битолски весник“.

Младеновски беше долгогодишен дописник на „Нова Македонија“ и секогаш се залагаше за почитување на највисоките професионални стандарди во новинарската професија воопшто. Остана активен во новинарството до последните денови. Колумните на Младеновски се поместени во неговите авторски книги „Во прво лице“, во кои ги изнесуваше своите видувања и анализи за актуелните национални, регионални но и локални теми.

За својата новинарска посветеност и професионализам добитник е на бројни награди и посебни признанија од Здружението на новинарите.