Почина најстарата жена во Европа, имаше 116 години


Поранешната кројачка Ана Вела Рубио, најстарата личност во Европа, почина во петокот во дом за пензионери во Барселона, а имаше 116 години и 47 дена.
Последните четири месеци, заедно со неа во домот живееше и нејзината 90-годишна ќерка.
Ана Вела Рубио родена е на 29 октомври 1901 година во близина на кордоба, а од 40 години живееше во Каталонија.
Таа ја презеде титулата најстара во Европа, откако на 15 април годинава почина Италијанката Ема Морано, која имаше 117 години и 137 дена.
По смртта на Рубио, најстара личност повторно е една Медитеранка, Џузепина Пројето, која има 115 години и 200 дена.
Најстара личност во светот е Јапонката Наби Таџима , која има 117 години и 134 дена.